
Во светот на осигурувањето, промените се случуваат побрзо од било кога што води до нови глобални трендови. Глобалните предизвици, новите технологии, климатските промени ги туркаат осигурителните друштва да ги адаптираат своите услуги да се во тек со потребите на потрошувачите.
Сите овие глобални трендови не се само далечни иновации, тие веќе имаат влијание и кај нас, во работата на домашната осигурителна индустрија.
Во Mint Ins, нашата цел е да ги донесеме светските стандарди на локалno ниво – со современи, практични и сигурни решенија за секој клиент.
Дигитализација и мобилно осигурување
Осигурителните друштва глобално ја прифаќаат дигиталната трансформација. Сè се случува преку мобилни апликации, од аплицирање до наплата на штети. И на македонскиот пазар сè повеќе граѓани бараат брза, дигитална и транспарентна услуга.
Mint Ins, нуди услуги преку современи дигитални канали, со можност за онлајн полиси, консултации и асистенција 24/7. Клиентите веќе не сакаат да чекаат во редици, тие сакаат се’ со еден клик, поради што сите Mint Ins услуги се достапни преку една мобилна апликација Mint App.
Иако домашниот пазар е во почетна фаза, дигиталната трансформација и кај нас зема замав. Во Mint Ins, активно инвестираме во автоматизација на процеси за побрзи и поедноставни услуги.
Фокус на заштита од климатски ризици и природни катастрофи
Зголемените природни катастрофи (пожари, поплави, земјотреси) доведуваат до раст на побарувачката за осигурување што ги покрива последиците од такви ризици. Светските компании веќе нудат специјализирани полиси за климатски влијанија.
Македонија не е исклучок, ние сме сведоци на сè поинтензивни климатски влијанија и сè почести екстремни временски услови. Како одговор, Mint Ins нуди осигурителни полиси што покриват ризици од пожар, поплава, порои и високи води, град, гром, олуја и други природни непогоди, што е од сè поголема важност.
Персонализирани полиси и фелксибилни пакети на осигурување
Еден од најзначајните трендови е креирање на персонализирани полиси – според возраста, навиките, локацијата, професијата итн. Осигурителните брокери и компании креираат персонализирани полиси според навиките и потребите на клиентите. Осигурувањето станува „по мерка“.
И кај нас, клиентите сè повеќе бараат флексибилност. Затоа, во Mint Ins се стремиме да нудиме пакети што одговараат на реалните потреби на секој клиент – независно дали се работи за патник, млад возач, сопственик на мал бизнис или сопственик на станбени единици, како и можности за осигурување на електронска опрема, залихи и останата техничка опрема.
Совети: Како да се прилагодите на новите глобални трендови во осигрувањето
Глобалните трендови во осигурителниот сектор нудат нови можности, но и бараат нов начин на размислување. И тоа не само од страна на осигурителните брокери и компании, туку и од самите клиенти.
Еве неколку наши совети за како да се прилагодите и да го извлечете максимумот од Вашата осигурителна полиса.
- Проверете дали осигурителните услуги се достапни онлајн – Онлајн полисите, дигиталната документација, и електронското аплицирање преку мобилни апликации Ви штедат време.
- Барајте полиси што покрииваат различни временски непогоди – Било да барате полиса за дом, имот, или патување, проверете дали вклучува покритие од ризици како поплави, град, невреме.
- Изберете само она што ви треба – Флексибилните пакети на осигурување се идеални за повремени патувања или ако барате осигурување за одреден настан.
- Изберете осигурителен брокер, а не агент – Осигурителните брокери за разлика од компаните работат за најдобрите интереси на клиентите, и имаат широк дијапазон на искуство и знаење на активните понуди од сите компании за осигурување.
Mint Ins – Осигурителен брокер што е во чекор со времето
Светот на осигурувањето се менува побрзо од кога било. Глобалните трендови покажуваат дека осигурувањето станува подостапно и пофлексибилно за секојдневниот живот на потрошувачите.
Во Mint Ins внимателно ги следиме најновите глобални трендови и ги адаптираме нашите услуги за да понудиме осигурителни полиси што се современи за нашите клиенти. Бидете чекор пред ризиците со Mint Ins осигурителен брокер.
За повеќе информации контактирајте нѐ на телефон 15 107, емаил [email protected], или посетете не во најблиската филијала до Вас.