Како искусен осигурителен брокер, ние во Mint Ins разбираме дека изборот на вистинска осигурителна поддршка може да направи огромна разлика, посебно кога животот носи непредвидени ситуации. 

Затоа сакаме да Ви помогнеме да разберете која е разликата меѓу осигурителниот брокер и осигурителниот агент, и зошто оваа разлика е клучна за Вашата безбедност, доверба и заштита.

Осигурителен брокер vs. осигурителен агент

Осигурителниот брокер е професионалец кој работи исклучиво во интерес на клиентот. За разлика од агентот кој е ограничен со понудите на една осигурителна компанија, брокерот Ве претставува Вас како клиент, односно нуди заштита на интересот на поединец или компанија. 

Улогата на осигурителниот брокер е наоѓање на најдоброто осигурување по најповолната премија од повеќе осигурителни компании. Како осигурителен брокер, ние во Mint Ins ви овозможуваме пристап до најдобрите осигурителни услуги и Ви помагаме да донесете информирана одлука.

Осигурителните агенти се застапници на една осигурителна компанија. Тие нудат и продаваат производи и услуги исклучиво од тој осигурител. Ова значи дека нивниот фокус не е секогаш објективен, туку е врзан за интересите на компанијата која ги ангажира.

Главни разлики што треба да ги знаете

Некои од главните разлики помеѓу осигурителниот брокер и агент вклучуваат:

  • Осигурителниот брокер го застапува клиентот, а агентот интересите на осигурителната компанија.
  • Брокерот нуди услуги од повеќе осигурителни компании додека агентот само од една (таа од која што се ангажирани). 
  • Осигурителниот брокер Ви нуди пристап објективен и целосен преглед на пазарот, а агентот е ограничен само на понудата на компанијата за која работи.
  • Осигурителниот брокер Ви нуди активна помош и застапување при наплата на штети. Од друга страна осигурителниот агент може да Ви понуди само пасивна или ограничена поддршка.
  • Советите кои брокерот Ви ги дава се независни и во Ваша корист, а на агентот тие се во интерес на осигурителната компанија.

Mint Ins осигурителен брокер – Што добивате со нас?

Како лиценциран и професионален осигурителен брокер, Mint Ins работи исклучиво во корист на клиентите. Не сме врзани за ниту една осигурителна компанија, туку како осигурително брокерско друштво сме врзани за Вас.

  • Советување базирано на Ваши потреби: Нашите осигурителни брокери се секогаш достапни да Ве советуваат.
  • Пристап до најдобрите понуди: Споредуваме полиси од повеќе осигурителни компании.
  • Едукација: Ви ги објаснуваме сите услови, вклучени услуги и исклучоци транспарентно.
  • Поддршка при наплата на штета: Активно се вклучуваме во процесот на наплата, за да добиете брза и фер компензација.
  • Присуство во цела Македонија: Mint Ins ги нуди услугите на осигурителен брокер низ целата држава, преку онлајн (Mint App) и физички канали (филијали).

Кога да се консултирате со осигурителен брокер?

  • Кога Ви треба осигурување за автомобил, имот, живот или патување.
  • Кога сакате да споредите повеќе понуди на едно место.
  • Кога не сте сигурни што точно Ви е потребно.
  • Кога имате непријатно искуство со штета и сакате професионална поддршка.

Зошто е важно да направите вистински избор?

Многумина не ја знаат вистинската улога на осигурителниот брокер, сѐ додека не им се случи штета. Тогаш се прашуваат зошто никој не им помогнал, зошто документите биле нејасни, и зошто се чувствуваат оставени сами. 

Ние постоиме токму за да го спречиме тоа преку транспарентни и јасни полиси кои се прилагодени на Вашите потреби и цели. Ние не работиме за комисија од една компанија, туку за долгорочна доверба со нашите клиенти. 

Нашата цел е транспарентност, брзина и личен пристап, со што се разликуваме од класичните осигурителни компании.

Mint Ins – Вашиот доверлив партнер

Ако сакате вистинска осигурителна поддршка, непристрасен совет и партнер кој ќе биде со Вас и во добри и во лоши моменти, тогаш изберете осигурителен брокер. Изберете Mint Ins!

Контактирајте нѐ денес  на 15 107, [email protected] или во една од нашите филијали и дознајте како можете да добиете повеќе за помалку, со вистински сојузник во осигурувањето. Бидете заштитени со Mint Ins, Вашиот доверлив осигурителен брокер.