mintins_HOME_10.04

Најважниот чекор за заштита на просторот каде што живеете и создавате спомени е аплицирањето за осигурување на дом. Домот е местото каде што се чувствувате најсигурни и најудобно, но и местото кое е подложно на разни ризици, вклучувајќи, пожари и поплави, кражби или оштетувања предизвикани од природни катастрофи.

Со Mintins ДОМ програмата за осигурување, добивате сигурност дека во непредвидени ситуации, вашиот дом и вредностите во него се заштитени, со понуда која одговара на Вашите потреби.

Што е осигурување на дом?

Осигурување на дом е договор помеѓу осигуреник (Вие) и осигурителен брокер (Mintins) со кој се покриваат материјални штети и ризици поврзани со домот на осигуреникот. Целта е финансиска сигурност во случај на несакани настани ако пожар, поплава, кражба, вандализам или технички дефекти.

Mintins ДОМ е програма за осигурителна полиса за вашиот дом според Вашите потреби, односно нашите осигурителни брокери ќе Ви понудат најсоодветна осигурителна полиса.

Зошто е важно да имате осигурување на дом?

Животот е непредвидлив. Еден момент на невнимание, силно невреме или неочекуван дефект може да предизвика значителни штети. Без осигурување на дом, сите трошоци паѓаат на вашиот буџет.

Домашното осигурување ви дава мир. Доколку нешто тргне наопаку, имате осигурителен партнер кој ќе интервенира брзо и ефикасно. Покрај тоа, осигурувањето на дом претставува и паметна инвестиција, доколку нешто тргне наопаку, имате осигурителен партнер кој ќе интервенира брзо и ефикасно.

Осигурување на дом со Mintins ДОМ

Ниту еден дом не е целосно безбеден од ризици. Дури и со најдобра превенција, може да настане несреќа која ќе предизвика сериозни финансиски последици.

Со осигурувањето на дом, тие последици можат да бидат целосно или делумно покриени од осигурителната компанија, што значително го намалува товарот на Вас.

Mintins ДОМ ви нуди пакет прилагоден на Вашите потреби. Достапни се Основен, Стандарден и Премиум пакет, секој со различен обем на покриеност и дополнителни услуги. Во зависност од избраниот пакет, може да се вклучени и дополнителни дополнителни услуги на ваше барање.

Видови пакети и флексибилност со Mintins ДОМ

Најдобро време за склучување на полиса е веднаш штом го стекнете имотот или кога ќе завршите со реновирање. Но, никогаш не е доцна да се заштитите – секој момент е добар да инвестирате во сигурноста на вашиот дом.

Mintins нуди неколку нивоа на осигурување на дом, со можност за прилагодување според:

  • Површината на станот или куќата
  • Локацијата
  • Вредноста на покуќнината
  • Индивидуалните потреби

Процесот на аплицирање едноставен и брз.  Посетете не во една од нашите филијали ширум државата, на нашиот контакт телефон (15 107) или веб страна, или преку MintApp.

Предности од изборот на Mintins ДОМ

Вашиот дом е ваша најголема лична и семејна вредност. Заштитете го со сигурност, одговорност и визија. Со Mintins ДОМ добивате повеќе од осигурување, добивате доверлив партнер кој секогаш се грижи за вашата безбедност.

  • Брзо склучување и дигитална достапност
  • Флексибилни пакети
  • Поддршка од професионален тим
  • Конкурентни цени

Изберете Mintins ДОМ!

Никој не може да го предвиди непредвидливото, но секој може да се подготви за него. Со осигурување на дом преку Mintins ДОМ, добивате вистинска заштита, сигурност и поддршка во моменти кога најмногу ви е потребна.

Не чекајте да се случи несаканото, инвестирајте во вашата безбедност уште денес. Посетете не во една од нашите филијали ширум државата, преку Mint App, или контактирајте не на 15 107 или [email protected].