Во животот не можете да предвидите сè – но можете да се подготвите. А безбедноста на Вашите најблиски – непроценлива. Со MintIns Животно Осигурување, обезбедуваш финансиска стабилност за семејството кога тоа е најпотребно

Што е животно осигурување?

Животното осигурување е финансиска заштита за Вас и Вашите најблиски во случај на неочекувани животни настани – како смрт, трајна инвалидност или сериозно заболување. Тоа значи дека, доколку нешто Ви се случи, Вашето семејство ќе добие финансиска поддршка за да ги покрие трошоците и да продолжи со животот без дополнителен товар.

Наменa

Осигурувањето на живот Ви овозможува лична заштита и грижа за Вас и Вашето семејство. Животното осигурување Ви дава финансиска безбедност во моментите кога ви е најпотребна.

  • Финансиска сигурност за Вашите најблиски Во случај на несакан настан, Вашето емејство ќе добие исплата која ќе им помогне да ги покријат трошоците.
  • Флексибилни пакети Изберете го планот кој најмногу одговара на Вашите потреби – од основно ризично осигурување до пакети со дополнителни покритија.
  • Транспарентни услови – Јасно дефинирани покритија и исклучоци – без „скриени“ трошоци и непознати термини.

MintIns полиса за животно осигурување

Животното осигурување една од најодговорните и најдобрите одлуки што можете да ја донесеш за Вас и за саканите. Животното осигурување е осигурување кое претставува идеален склоп на долгорочна заштеда и заштита. возилото, временски непогоди (луња, поплава, град, лавина), манифестации и демонстрации.

Одбрете MintIns полиса за животно осигурување која одговара на вашите потреби:

 

Животното осигурување не е тема за страв, тоа е алатка за љубов и одговорност. Со MintIns, можете да ја направите оваа одлука лесно и брзо.

Ние сме тука за да помогнеме

997
996

Нашиот тим е тука да помогне. Телефон за контакт 15 107, е-пошта ([email protected]). Или преку Минт Апликација (Mint App).

? Кој може да биде корисник на полисата (примател на исплатата)?

Вие сами избирате кој ќе биде корисник (најчесто тоа се членови од семејството - брачен партнер, деца, родители). Ова лице ќе ја добие договорената сума доколку настане осигурениот ризик.

? Како можам да ја променам мојата полиса ако моите потреби се променат?

Можете да ја промените полисата во секое време преку нашата платформа. Ако сакате да ја зголемите или намалите сумата на осигурувањето, да додадете нови покритија или да го промените корисникот, контактирајте не.

? Што да направам ако имам прашања во текот на процесот на осигурување?

Ако имате прашања или Ви е потребна помош, нашата поддршка е на располагање преку чат, телефон или email. Ние сме тука да Ви помогнеме на секој чекор и да одговориме на сите Ваши прашања.

alt
alt
alt

Mint e твоето осигурување

Побарај бесплатна консултација