-
Пиринска 52 , Скопје
Планираш патување со автомобил надвор од Македонија? Со нашиот Зелен Картон, добиваш меѓународно признаено осигурување кое ја покрива твојата одговорност кон трети лица. MintIns не нуди само осигурување - MintIns нуди спокојство на патот. Со нас, имате партнер кој Ве штити дома и во странство.
Зелениот картон е меѓународен документ за автомобилска одговорност. Тој служи како доказ дека возилото има важечко осигурување додека се движи надвор од државата, во странство. Зелениот картон е неопходен при патување со Вашeтo сопствено возило надвор од Република С.Македонија.
Со меѓународна зелената карта се обезбедува осигурително покритие за штети причинети кон трети лица и предмети при управување со моторно возило во странство. Намената на полисата за зелен картон е да покрие:
Оваа полиса е услов за влез со моторно возило со македонски регистарски таблички во друга држава. Доколку патувате без зелен картон, ќе треба да уплатите гранично осигурување во земјата во која патувате.
Ние сме тука за да помогнеме
Нашиот тим е тука да помогне. Телефон за контакт 15 107, е-пошта ([email protected]). Или преку Минт Апликација (Mint App).
Цената зависи од времетраењето на покриеноста, дали Зелениот картон е месечен или годишен и од моќноста на возилото (дали е до 66 kw или над 66 kw за патнички). Контактирајте не за прецизна понуда според Вашето патување - ќе ја добиете веднаш.
Времетраењето може да се избере според Вашите потреби, од неколку дена до една година. Најчесто се издава за периодот на Вашето патување.
Еден зелен картон покрива повеќе земји, сè додека се наоѓаат на списокот на држави кои го прифаќаат. Ние ќе се погрижиме Вашата полиса да ги опфати сите дестинации.
Внеси го твојот е-маил за да добиваш најнови информации, попусти поврзани со MintIns
Контактирај не
MintIns.mk - Повеќе од осигурување. Сите права се задржани ♡ Изработено од Webiart Creative Agency