Незгодите и непредвидените ситуации не можеме да ги предвидиме и се случуваат многу почесто отколку што очекуваме. Ваквите незгоди предизвикуваат големи материјални штети на домот.  Токму поради оваа причина, осигурувањето на домаќинство е најмудрата инвестиција во поглед на заштитата и безбедноста на еден дом.

 

Осигурување на домаќинството претставува една од наjдобрите инвестиции во однос на заштитата и сигурноста на домот. Полисата може да опфаќа голем број на ризици во зависност од пакетот кој ќе го изберете.

Oсигурувањето од пожар и други опасности е основно осигурување кон кое се приклучуваат другите видови имотни осигурувања.

Ова осигурување обезбедува заштита од пожар, експлозија, удар од гром, град, луња, манифестации и демонстрации за минимална премија за сите овие на кои градбата на објектот им е приоритет. 

Основни ризици вклучуваат: пожар и удар од гром, експлозија (освен експлозија на нуклеарна енергија) , излевање на вода од водоводна и канализациска инсталација, луња , град, удар

 

Минт Инс нуди избор на пакети за осигурување од пожар од повеќе осигурителни компании во зависност од потребите и можностите на клиентот.

 

Мала и мудра инвестиција за осигурување од пожар може да ја обезбеди вашата иднина од загуба.

Важно е внимателно да ги земете предвид вашите потреби за осигурување и да донесете информирана одлука при изборот на полиса. Со правилно покритие, можете да го заштитите вашиот имот и предмети знаејќи дека сте подготвени за неочекуваното.

One thought on “ПОЖАР и како до квалитетно осигурување од него

  • 📟 Email: Transfer NoGA27. ASSURE >> https://telegra.ph/Go-to-your-personal-cabinet-08-25?hs=aab808d1a6b1060b3a9ab4c6c7429e48& 📟 says:

    0u6a8b

Leave a comment